среда, 1 април 2026

„Се викам Џо Бајден, јас сум потпретседателот на Барак Обама“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бајден на насобраните новинари им кажа:

„Се викам Џо Бајден, јас сум потпретседателот на Барак Обама“, кажа американскиот претседател.

Потоа кажа дека е сопруг на Џил Бајден, и дека таа не е присутна бидејќи работи и подучува.

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Барак Обама вчера за првпат официјално ја посети Белата куќа од 2017 година.

Бајден се огласи на Твитер по повод посетата на Обама на Белата куќа:

„Чест ми е да му посакам добредојде на мојот пријател претседателот Барак Обама во Белата куќа. Се радувам што ќе разговарам за големиот чекор кој денес го најавуваме, а кој ќе ја прошири покриеноста според законот за пристапна нега за семејствата и би ги намалил трошоците за здравствената заштита за вредните Американци“, истакна американскиот претседател.

Бајден претходно за време на говор на церемонија на пуштање во погон на нова нуклеарна подморница ја пофали првата дама на САД за нејзината работа со семејствата на војници и за начинот на кој го надгледувала развојот на најновата американска нуклеарна подморница УСС Делавер, притоа правејќи го гафот кажувајќи:

„Горд сум за работата која ја врши првата дама на сад со Здружените сили, а која ја почна уште со Мишел Обама, кога таа беше потпретседателка. Сега продолжи со таа работа“, кажа Бајден.

Мишел Обама во тоа време беше прва дама на САД, а сегашниот претседател Џо Бајден беше потпретседател на Барак Обама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ