недела, 22 март 2026

Се урна воен хеликоптер на Катар: Шест лица загинаа, по едно сè уште се трага (ФОТО)

Министерството за внатрешни работи на Катар денеска соопшти дека при уривање на хеликоптер во територијалните води на земјата досега е потврдено дека загинале шест лица, чии тела беа пронајдени.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението објавено на платформата Икс се наведува дека во потрагата по исчезнатите во хеликоптерската несреќа во територијалните води на земјата, „досега се пронајдени шест од седум исчезнати лица“, чија смрт е потврдена.

Се додава дека во тек е интензивна потрага за пронаоѓање на уште едно исчезнато лице, кое било во хеликоптерот.

Министерството за одбрана на Катар претходно соопшти дека хеликоптерот се урнал поради „технички дефект“ за време на „рутински“ лет.

„Катарскиот хеликоптер доживеа технички дефект за време на рутинска мисија, што доведе до негово уривање во територијалните води на земјата“, соопшти министерството.

Катар не ја прецизираше природата на мисијата или бројот на луѓе во хеликоптерот, а засега не е познато дали овој инцидент е поврзан со војната на Блискиот Исток.

Катар беше цел на неколку напади од страна на Техеран од почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари, кога Иран како одмазда почна да возвраќа со напади со ракети и беспилотни летала врз цели во соседните земји, наведувајќи дека тоа го прави поради американското присуство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ