среда, 25 февруари 2026

Се урна турски борбен авион Ф-16, пилотот загина (ФОТО+ВИДЕО)

Борбен авион Ф-16 на турските воздухопловни сили се урна во средата рано наутро во западна Турција, при што загина пилотот, соопштија турските власти и медиумите.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за одбрана соопшти дека контактот преку радио и радар со авионот бил изгубен кратко по полноќ, веднаш по полетувањето од 9-та главна воздухопловна база во покраината Баликешир.

Веднаш биле започнати операции за пребарување и спасување, а остатоците биле пронајдени наскоро. Министерството потврди дека пилотот загинал.

Според весникот Хуриет, авионот се урнал во близина на автопатот Истанбул-Измир, а неговите остатоци се расфрлани на пошироко подрачје. На местото на несреќата се испратени полиција, пожарникари и медицински екипи. Причината за несреќата сè уште не е утврдена, министерството најави дека истрагата ќе ја спроведе надлежниот тим за истрага на воздушните несреќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ