понеделник, 15 декември 2025

Се урна покрив на училиште во Индија, загинаа најмалку четири деца (ВИДЕО)

Најмалку четири деца загинаа, а 17 други се повредени во западната индиска држава Раџастан откако денес се урна покрив на училишна зграда, објавија локалните медиуми. Се стравува дека уште многу деца се закопани под урнатините, објави Ројтерс.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Снимките ги прикажуваат мештаните собрани на местото на несреќата додека властите користат кран за да ги отстранат остатоците од срушената зграда.

Според локалните медиуми, учениците посетувале настава во државно училиште во Џалавар кога се урнала зградата.

„Издадени се упатства до надлежните органи да се обезбеди соодветен третман на повредените деца“, изјави главниот министер на Раџастан, Баџанлал Шарма, во објава на социјалната мрежа Икс.

Некои од повредените деца се во критична состојба, изјави за агенцијата ПТИ локалниот полицаец Амит Кумар, објави Економик тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ