„Досега не видовме никаква деескалација на теренот. Напротив, Русија се чини дека продолжува со военото распоредување и не добивме одговор на писмениот документ или писмените предлози што ги испративме до Русија на 26 јануари во кои се наведени темите и ставките за кои сојузниците во НАТО се спремни да разговараат со Русија“, рече тој.
„Доколку Русија уште еднаш ја нападне Украина, ќе плати висока цена, а ние ќе продолжиме да ги разоткриваме руските планови и дејствија за да им го отежнеме спроведувањето на агресивни акции против Украина“, додаде тој.
Министрите за одбрана на НАТО се состануваат денеска и утре, соочени со критични предизвици за европската безбедност.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во меѓувреме изјави дека Русија ќе возврати доколку Велика Британија воведе нови санкции кон Москва поради украинската криза.
Велика Британија во вторникот се закани дека ќе ги блокира руските компании и ќе ги разоткрие нивните средства и имот доколку Русија ја нападне Украина.






