понеделник, 15 декември 2025

Се шират снимки од моментот на земјотресот во Камчатка (ВИДЕО)

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку лица беа повредени во тој оддалечен руски регион, а на населението на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија, кое претрпе големи жртви во катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, му беше наредено да се евакуира. „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, објави гувернерот на Камчатка на Телеграм.

Регионалниот министер за вонредни состојби Сергеј Лебедев објави дека по земјотресот е регистрирано цунами од 3 до 4 метри. „Сите мора да се оддалечат од брегот“, рече Лебедев во видео на социјалните мрежи. Американскиот сеизмолошки завод соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 19,3 км, на околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.

Неколку лица побарале медицинска помош по земјотресот во Камчатка, изјави Олег Мелников, регионалниот министер за здравство, според руската државна новинска агенција ТАСС.

Руската академија на науките соопшти дека ова е најсилниот земјотрес во регионот од 1952 година. Камчатка и рускиот Далечен Исток се наоѓаат на Тихоокеанскиот огнен прстен, геолошки активен регион познат по силни земјотреси и вулкански ерупции.

Снимки од моментот кога се случи земјотресот во Камчатка кружат на социјалните мрежи. Земјотресот оштети детска градинка.

Се појави и видео за кое се тврди дека е снимено во болница. На него се гледа како лекарите остануваат смирени за време на силниот земјотрес и не ја прекинуваат операцијата. „Тие останаа со пациентот до крај“, се вели во него. Автентичноста на снимката сè уште не е потврдена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ