вторник, 31 март 2026

Се разгледува исфрлање на Русија од Г20

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата наведува дека Полска им предложила на американските власти дека таа може да ја замени Русија во таа група индустриски најразвиени земји во светот и дека добила „позитивен одговор“.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека САД ќе се консултираат со сојузниците за членството на Русија во Г20.

„Сметаме дека не може да продолжи вообичаената соработка со Русија во меѓународните институции и во меѓународната заедница“, рече тој на брифингот со новинарите во вторникот.

Руската амбасадорка во Индонезија, Људмила Воробиева, рече дека Путин има намера да присуствува на самитот на Г20 во Индонезија оваа година.

„Не само Г-20, многу организации се обидуваат да ја исфрлат Русија… Реакцијата на Западот е целосно непропорционална“, рече Воробиева на прес-конференција во средата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ