петок, 30 јануари 2026

Се огласи и Русија за Ѓоковиќ: „Каква срамна одлука!“

Објавено на

часот

Сподели

„Каква срамна одлука да му се забрани на Новак Ѓоковиќ да учествува на Австралија опен 2022! Политиката не треба да се меша во спортот. Му посакувам на Новак нови победи, австралиската јавност е јасен губитник во ова несогласување, кое го засенува самото натпреварување“, напиша тој на Твитер.

По денешната одлука на австралискиот федерален суд да го поддржи укинувањето на визата за Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер ја напушти Австралија.

Светскиот рекет број 1 Ѓоковиќ (34) освои 20 грен слем титули, девет титули на Австралија опен, вклучително и во 2021 година, шест титули на Вимблдон, три титули на УС Опен и две титули на Отвореното првенство на Франција. Тој обезбеди вкупно 86 победи на турнирите како дел од Здружението на тениски професионалци (АТП), вели ТАСС. Ѓоковиќ е и бронзен медалист на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ