недела, 1 февруари 2026

Се одложува формирањето нова влада во Црна Гора

Објавено на

часот

Сподели

Иако консултациите на претседателот на државата Мило Ѓукановиќ со претставниците на политичките партии застапени во собранието за формирање нова влада се очекуваа на почетокот на оваа недела, тие ќе биде одложени најмалку уште едена недела додека не завршат преговорите на граѓанското движење УРА со повеќето партии, јавува Вијести.

По размената на ставовите за приоритетите на новата малцинска влада, вториот круг преговори се однесуваат не нејзината структура и поделбата на ресорите. Преговорите кои почнаа во понеделникот би требало да завршат до крајот на неделата.

Формирањето на новата влада нема да оди лесно бидејќи СДП на Ѓукановиќ излезе со став дека не сака да биде дел од влада во која ќе биде и Социјалистичката народна партија (СНП).

Проблем, според Вијести, има и самата СНП, бидејќи дел од нејзините членови и функционери се против можниот сојуз со малцинствата. Дел од членството на СНП е незадоволен и од каква било можна соработка со ДПС, и покрај јавните ветувањата дека партија која долго владееше со Црна Гора нема да биде дел од новата влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ