Таквиот потег би ја ослабел важноста на „петродоларот“, валутата која го контролира глобалниот финансиски систем повеќе од половина век, поставувајќи го американскиот долар како меѓународна резервна валута при ризик.
Кина купува околу четвртина од нафтата која ја извезува Саудиска Арабија, што значи дека префрлањето на оваа размена во јуани значително би го кренал профилот на кинеската валута. Во моментов, 80 отсто од глобалната продажба на нафта се врши во долари, а Саудијците тргуваат само во долари уште од 1974 година кога Вашингтон му понуди на Ријад безбедносни гаранции во замена за лојалноста на петродоларскиот систем.
Иако Кина е Саудиска Арабија веќе шест години преговараат за продажба на нафтата во јуани, тие преговори во последно време се засилија поради незадоволството на Саудијците од политиката на американската влада. Поради засилените напори на Вашингтон да се дистанцира од саудиската војна во Јемен, која ја претвори веќе најсиромашната нација на Блискиот Исток во хуманитарна катастрофа, до осудата на принцот престолонаследник Мохамед бин Салман за униството на новинарот Џамал Кашоги, Ријад е загрижен околу дека САД нема да ги почитуваат безбедносни гаранции, пишува Волстрит џурнал.






