Сателитските снимки покажуваат дека има ново распоредување на оклопна опрема и руски војници на неколку локации во близина на границата со Украина, соопшти американската компанија Максар технолоџис, која со недели го следи трупањето на руските сили, пренесува Ројтерс.
Новата активност беше забележана откако Русија ги продолжи воените вежби во Белорусија, кои требаше да завршат во неделата, зголемувајќи ги стравувањата кај западните сили од неизбежна руска инвазија на Украина.
Новата активност претставува промена во моделот на претходно забележаното распоредување на борбени групи, тенкови, оклопни транспортери, артилерија и опрема за поддршка, се вели во соопштението на Максар.
Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина, додека Русија ги отфрла тие обвинувања.






