Поранешниот марксистички герилец, која ја предводеше Никарагва од 2007 година, откако првпат дојде на власт во 1979 година, го бранеше потегот на Путин да ја признае независноста на Доњецк и Луганск за време на говорот во Манагва, пренесува Ројтерс.
„Сигурен сум дека жителите на Донбас, доколку одржат референдум како оној на Крим, ќе гласаат за припојување на тие територии кон Русија“, рече Ортега.
Претседателот на Никарагва, исто така, нагласи дека обидот на Украина да се приклучи кон Северноатлантската алијанса (НАТО) претставува закана за Русија, а потегот на Москва во таа смисла го објасни како одбранбен.
Минатата недела рускиот вицепремиер Јуриј Борисов ги посети Никарагва, Венецуела и Куба, клучните сојузници на Русија во Латинска Америка, и рече дека Русија ќе ги продлабочи билатералните врски со сите три земји.
Соединетите Американски Држави соопштија дека последните избори во Никарагва, во ноември, биле наместени во корист на Ортега, воведоа санкции кон официјалните лица на Никарагва и предложија поради тоа Никарагва да биде исфрлена од Организацијата на американските држави, наведува Ројтерс.
Освен Русија, самопрогласените републики во границите на Украина ги признаа и Венецуела, Куба, Никарагва, Сирија, Јужна Осетија, Абхазија и Јемен.






