недела, 29 март 2026

Сајбер-напад врз членка на НАТО може да ја активира клаузулата за колективна одбрана

Објавено на

часот

Сподели

Воената алијанса со години јасно даваше до знаење дека сериозен сајбер-напад може да ја активира клаузулата, но таквото сценарио досега беше главно хипотетичко.

„Сојузниците, исто така, признаваат дека влијанието на значајните злонамерни кумулативни сајбер-активности може, во одредени околности, да се смета за оружен напад“, изјави функционерот за Ројтерс.

„Нема да шпекулираме колку сериозен треба да биде сајбер-нападот за да се активира колективниот одговор. Секој одговор може да вклучува дипломатски и економски санкции, сајбер-мерки или дури и конвенционални сили, во зависност од природата на нападот“, рече претставникот.

Дали сајбер-нападот достигнал доволно висок праг за да го активира членот 5, тоа би било „политичка одлука што мора да ја донесат сојузниците на НАТО“, додаде тој.

Велика Британија и Соединетите Држави предупредија на потенцијални сајбер-напади врз Украина што би можеле да имаат меѓународни последици доколку, на пример, некој малициозен софтвер дизајниран да ги таргетира мрежите во Украина почне да се шири на друго место.

Претседателот на Комитетот за разузнавање на Сенатот на САД, Марк Ворнер, рече дека нема јасни насоки за тоа како НАТО (Организацијата на Северноатлантскиот договор) треба да одговори доколку се случи таков напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ