петок, 2 јануари 2026

САД воведоа санкции за четири компании за кои велат дека делуваат во нафтениот сектор на Венецуела

Соединетите Американски Држави (САД) воведоа санкции врз четири компании за кои велат дека се вклучени во нафтениот сектор на Венецуела, како и на поврзани танкери за нафта.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкциите се воведени врз трговци со нафта вклучени во избегнување на санкциите за Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Меѓу означените се четири брода, вклучувајќи ги и оние за кои се сомнева дека се дел од таканаречената флота во сенка.

„Денешната акција дополнително сигнализира дека оние кои се вклучени во трговијата со венецуелска нафта продолжуваат да се соочуваат со значителни ризици од санкции“, соопшти Министерството за финансии на САД.

Санкциите претставуваат најнова акција во кампањата на притисок на американскиот претседател Доналд Трамп врз Мадуро, која вклучуваше зголемено воено присуство во регионот и повеќе од дваесет воени напади врз бродови за кои се тврди дека шверцуваат дрога во Тихиот Океан и Карипското Море во близина на Јужна Америка.

Трамп оваа недела објави блокада на сите бродови кои се под санкции и кои влегуваат или излегуваат од венецуелските води, како дел од стратегијата за притисок врз Мадуро.

Акцијата на САД го намали извозот на венецуелска нафта на околу половина од ноемвриските нивоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ