Претходниот рекорд беше 1,03 милиони случаи во САД на 3 јануари. Голем број заразени се забележани секој понеделник бидејќи за време на викендот не се бележи бројот на заразени.
Седумдневниот просек на нови случаи се удвои за две недели на повеќе од 700.000 новозаразени на ден.
Рекордниот број нови случаи е забележан истиот ден кога во земјата бројот на хоспитализирани пациенти заболени од ковид-19 исто така достигнал досега највисоко ниво, удвојувајќи се за три недели, според Ројтерс.
Повеќе од 136.604 лица се хоспитализирани поради ковид-19, надминувајќи го рекордот од 132.051 поставен во јануари минатата година.
Иако омикрон варијантата е потенцијално помалку сериозна, здравствените власти предупредија дека големиот број инфекции може да ги оптерети болничките системи, од кои некои веќе ги сопреле операциите бидејќи се борат со зголемувањето на бројот на пациенти и недостиг од персонал.
Порастот на бројот на заразени ја наруши работата на училиштата кои се борат со недостиг од персонал, наставници и возачи на автобуси.
Чикаго ја откажа наставата четврти ден бидејќи локалната власт и наставниците не успеваат да се договорат за тоа како да се справат со зголемениот број заразени.
Њујорк сопре три линии на метрото бидејќи голем број работници се болни, соопштено е преку твитер профилот на подземната железница.
Во просек на ден има 1.700 смртни случаи, што е пораст во однос на околу 1.400 во последните денови, но во рамки на нивото претходно забележано оваа зима.






