недела, 7 декември 2025

САД: Унгарците мора да се откажат од руската нафта, Хрватите ќе им помогнат

Соединетите Американски Држави очекуваат Унгарија да се откаже од употребата на руска нафта и гас, изјави Метју Витакер, американски амбасадор во НАТО. Вашингтон ги повикува Будимпешта, како и Словачка и Турција, да развијат и спроведат план за намалување на својата енергетска зависност од Русија, пишува Украинска правда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Витакер нагласи дека САД се подготвени да ѝ помогнат на Унгарија да ја елиминира својата зависност од руските енергенти, но истакна дека унгарската страна досега не презела никакви конкретни чекори во оваа насока.

„Знаете, Унгарија, за разлика од многу нејзини соседи, не направила никакви планови ниту презела никакви активни чекори. Затоа, ние ќе продолжиме да работиме со нив и ќе работиме со нивните соседи како Хрватска и други земји што можат да им помогнат да се одвикнат“, рече Витакер.

Овој повик доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп очекува Европа целосно да се откаже од руската нафта и гас. Неговата администрација неодамна воведе санкции против руските енергетски гиганти Роснефт и Лукоил.

По воведувањето на санкциите, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја работи на наоѓање начини за заобиколување на американските мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ