понеделник, 30 март 2026

САД тврдат дека Русија побарала воена и економска помош од Кина

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на извори од американската влада, ФТ пишува дека Русија побарала од Кина да ѝ испрати воена опрема и економска помош и да ја поддржи нејзината инвазија на Украина, што предизвикало страв во Белата куќа дека поддршката од Кина на Русија би можела да ги поткопа западните напори „да им помогнат на украинските сили да ја одбранат својата земја“.

Американските извори не откриле што Русија точно барала и кога, туку само дека Русија во одреден момент од почетокот на воените операции „побарала воена опрема и друга помош“.

Меѓутоа, како што пишува британскиот весник, други функционер на САД запознаен со ситуацијата кажал дека Америка се подготвува да ги предупреди своите сојузници дека постојат индикации дека Кина се спрема да ѝ помогне на Русија, додека трет американски функционер додал дека постојат и индикации дека на Русија ѝ снемува оружје.

Њујорк тајмс, пак, дознава од свои извори од американската влада дека Русија од Кина побарала и финансиска помош „за да се спротивстави на ударите кои нејзината економија ги трпи од широките санкции кои ги воведоа САД, ЕУ и други западни земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ