понеделник, 8 декември 2025

САД: Санкциите врз Росњефт и Лукоил ги намалуваат приходите од руска нафта

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкциите воведени врз руските нафтени компании Росњефт и Лукоил веќе ги намалуваат приходите на Русија од нафта и веројатно ќе ја намалат количината на руска нафта на пазарот на долг рок.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) соопшти дека анализата на влијанието на санкциите, воведени на 22 октомври, покажува дека мерките ги намалуваат руските приходи преку намалување на цената на руската нафта, со што се ограничува способноста на Москва да ја финансира војната во Украина, пренесува Ројтерс.

Санкциите бараат од компаниите да го прекинат работењето со Росњефт и Лукоил до 21 ноември, а оние што ќе ги прекршат ризикуваат исклучување од финансискиот систем базиран на доларот.

ОФАК наведе дека повеќе видови руска сурова нафта се продаваат по најниски цени во повеќегодишен период, како и дека речиси десетина големи индиски и кинески купувачи најавиле прекин на купувањето за декемвриските испораки.

Податоците покажуваат дека цената на Уралс од Новоросијск била 45,35 долари за барел на 12 ноември, што е најниско ниво од март 2023 година, додека подоцна се искачи на 47,01 долари откако повторно започна товарењето во пристаништето.

Ројтерс претходно пренесе дека попустите на руската нафта се зголемиле поради намалените купувања во Индија и Кина како одговор на американските санкции.

Портпаролот на Министерството за финансии изјави дека санкциите ги „осиромашуваат“ воените капацитети на Русија и дека Вашингтон е подготвен да преземе дополнителни мерки „за да се стави крај на бесмисленото убивање“ во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ