вторник, 31 март 2026

САД побараа од Индија добро да размисли пред да купи руска нафта (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На новинарското прашање за неодамнешните извештаи дека Индија може да го прифати рускиот предлог за поевтина нафта, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки кажа дека нациите треба да ја имаат предвид нивната улога во историјата при соработката со Москва за време на нејзината инвазија на Украина. Таа сепак истакна дека таквиот потег нема да предизвика економска казна од Западот.

„Нашата порака до секоја држава продолжува да биде, очигледно, да се придржува до санкциите“, кажа Пасаки, додавајќи: „Не мислам дека ова би било прекршување (на санкциите), но размислете за тоа на која страна би биле кога ќе се пишуваат историските книги за овој момент во времето. А поддршката на рускиот политички врв е поддршка на инвазијата која очигледно е со ужасен ефект“.

Коментарот на Псаки доаѓа откако двајца индиски функционери кажаа за Ројтерс дека Њу Делхи во моментов размислува за руската понуда, а еден од изворите кажа дека Индија најверојатно ќе ја прифати.

Индија одби да се придружи на САД и нивните западни сојузници во осудата на руската инвазија на Украина, воздржувајќи се од гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации кое се одржа минатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ