сабота, 31 јануари 2026

САД објавија дека извршиле успешен напад во Сирија. Локални извори: Убиени се цивили

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на северозападниот град Атмех и бунтовниците кои се борат против сириската влада претходно известија за неколку цивилни жртви во двочасовната операција. Се верува дека мета биле џихадисти поврзани со Ал Каеда, пренесува Ројтерс.

„Американските сили за специјални операции под Централна команда вечерва изведоа антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

„Немаше американски жртви. Повеќе информации ќе бидат дадени кога ќе пристигнат“, додаде тој.

Жителите на Атмех изјавија дека операцијата се случила околу полноќ во густо населена област на границата со Турција, каде што десетици илјади сириски бегалци живеат во импровизирани сместувања.

Жителите слушнале размена на оган, што значи дека имало отпор кон операцијата. Еден Сириец за Ројтерс изјави дека неколку луѓе биле убиени во операцијата, додека друг тврди дека спасувачките служби извлекле најмалку 12 тела од урната повеќекатница, меѓу кои жени и деца.

За време на операцијата принудно слетал еден од американските хеликоптери, кој подоцна бил уништен од американски авиони, пишува Њујорк тајмс.

„Видеата од местото на настанот покажуваат како луѓе извлекуваат тела на најмалку девет мажи, жени и деца од урнатини на куќа“, изјави Чарлс Листер, директор на Програмата за борба против тероризмот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ