Исламска држава-Покраина Хорасан (ИСИС-Х) е регионален разгранок на Исламска држава што првпат се појави во 2014 година и го доби името по стариот термин за регионот.
Таа, исто така, се бореше против талибанците и владата поддржана од Западот, која падна во август.
Во јуни 2020 година, екстремистичка група го назначи Гафари да раководи со ИСИС-Х.
Гафари беше одговорен за одобрување и финансирање на сите операции на ИСИС-Х низ Авганистан, соопшти Стејт департментот, наведувајќи го како „специјално идентификуван глобален терорист“ во ноември.
Нападот на аеродромот се случи на 26 август, додека американските војници се обидуваа да им помогнат на Американците и Авганистанците да избегаат од хаосот создаден за време на преземањето од талибанците, што го засили чувството на пораз на Америка по 20 години војна.
Поради тоа сега администрацијата на претседателот Џозеф Бајден се мачи да одговори на обвинувањата дека Стејт департментот можел порано да ги евакуира Американците наместо да ги загрози американските војници.
Американските власти во ноември рекоа дека веруваат дека ИСИС-Х може да развие способност за напад надвор од Авганистан во рок од шест до 12 месеци, според Гласот на Америка.






