сабота, 31 јануари 2026

САД на удар на историска снежна бура, се очекува хаос (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Невремето се протега од Јужна Каролина па сè до Мејн и освен меќава ќе донесе и оркански ветришта во крајбрежните делови. Пет американски сојузни држави прогласија вонредна состојба, пренесуваат агенциите. Градоначалничката Мишел Ву на Бостон, градот кој е навикнат на снежни врнежи, кажа дека невремето би можело да биде историско.

Во Нова Англија би можеле да паднат над два метри снег. Метеоролошките служби исто така предупредуваат на поплави во близина на брегот. Преку 5.000 американски летови се откажани од петокот до недела, според Флајавер.

Прогнозерите тврдат дека постои шанса бурата, позната како Нористер, да го прекрие подрачјето на Бостон со до 61 сантиметар снег. Моменталниот рекорд од 70 сантиметри во рок од 24 часа е поставен во 2003.

Експертите велат дека бурата ќе мине низ бомбогенеза, што значи дека се очекува студениот воздух да се измеша со потоплиот морски, што ќе доведе до брз пад на атмосферскиот притисок. Процесот предизвикува таканаречен бомба-циклон.

„Патувањето би требало да биде ограничено само на итни случаи“, предупреди Националната метеоролошка служба во Бостон. „Ако мора да патувате, со себе носете зимски комплет за преживување. Ако заглавите, останете во своите возила“, се наведува.

Снежното невреме почна да го фаќа источниот брег на земјата денес во утринските часови по локално време, а снежни врнежи веќе има во неколку сојузни држави.

[video:https://youtu.be/HZ67xFPj6zI autoplay:0]

„Ова ќе биде многу големо невреме, веројатно едно од најголемите во последните неколку години. Се очекува условите речиси да ги оневозможат патувањата па ги повикуваме сите, колку што е можно, да останат дома и утре“, порача гувернерот на Масачусетс Чарли Бејкер на прес-конференција.

[video:https://youtu.be/nFiEejGlEd0 autoplay:0]

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за поплави во крајбрежните области, а Амтрак го откажа железничкиот сообраќај во поголемиот дел од регионот.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека купувачи ги испразниле продавниците подготвувајќи се за невремето.

[video:https://youtu.be/EWb4SPkHZGI autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ