недела, 15 март 2026

САД на пазарот исфрлија полуавтоматска пушка за деца (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ова е „првото од многу оружја кое ќе им помогне на децата да го откријат стрелаштвото со целосна безбедност“, објави произведувачот ВЕЕ1 Тактикал, кој на својата интернет страница со пофални зборови ја претстави пушката „каква што имаат тато и мама“.

ЈР-15 (кратенка за „јуниор“) е долга само 80 сантиметри и тешка помалку од килограм. Опремена е со рамки со 5 и 10 куршуми со калибар 22ЛР, а на пазарот се појави кон средината на јануари по цена од 389 долари.

[video:https://youtu.be/IOHFLlrsxoI autoplay:0]

Моделот за возрасни, АР-15 е цивилна верзија на военото оружје кое што се користеше во низа крвави пукања, пред сè во училиштата, низ САД.

Масовните убиства со огнено оружје се чести во САД, каде правото на носење на оружје е загарантирано со уставот. Обидите за регулирање на неговата продажба често ги блокира американскиот Конгрес, каде оруженото лоби НРА има силно влијание.

„На прв поглед изгледа како невкусна шега. Гледано одблиску, изгледа само невкусно“, кажа Џош Шугрман, главниот директор на организацијата Вајоленс полиси сентер која се бори против оруженото насилство.

Во извештајот за методи кои американските произведувачи на оружје ги користат за да ги привлечат младите, објавен во 2016, се предупредува дека се продава оружје во живописни бои – розова, црвена, портокалова и металик виолетова – кои младите ги сакаат и дека е полесно за ракување.

Во 2021 со огнено оружје се извршени речиси 45.000 убиства во САД, меѓу кои околу 24.000 самоубиства, а убиени се над 1.500 малолетници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ