недела, 11 јануари 2026

САД можеби ќе укинат уште некои санкции кон Венецуела за да се олесни продажбата на нафта

Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека уште американски санкции врз Венецуела би можеле да бидат укинати уште следната недела за да се олесни продажбата на нафта.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој, исто така, за Ројтерс изјави дека следната недела ќе се сретне со шефовите на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка во врска со нивното повторно ангажирање во Венецуела.

Бесант во интервјуто изјави дека монетарните средства на Венецуела во форма на специјални права на влечење (СДР) во вредност од речиси 5 милијарди долари, кои во моментов се замрзнати во ММФ, би можеле да бидат ставени во функција за обнова на економијата на земјата.

„Ги укинуваме санкциите од нафтата што ќе се продава“, рече Бесент за време на посетата на инженерскиот погон на компанијата Винебаго Индустрис.

Министерството за финансии разгледува промени што би овозможиле приходите од продажбата на нафта, која главно се наоѓа складирана на бродови, да се вратат назад во Венецуела.

Бесент, кој го контролира доминантниот американски сопственички удел во Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, изјави дека тие две институции веќе му се обратиле во врска со Венецуела.

Тој изјави дека американската влада би била подготвена да ги конвертира Специјалните права на влечење (меѓународни резервни средства на ММФ) на Венецуела, кои се наоѓаат во ММФ, во американски долари за да се користат за обнова на земјата.

Венецуела моментално има околу 3,59 милијарди СДР, во вредност од околу 4,9 милијарди долари според девизниот курс од петокот, но засега не може да пристапи до тие средства. СДР се составени од американскиот долар, еврото, јапонскиот јен, британската фунта и кинескиот јуан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ