сабота, 20 декември 2025

САД ја нападнаа Сирија за да ги „елиминираат“ бунтовниците на ИСИС: „Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда“

Соединетите Американски Држави ја нападнаа Сирија во она што го нарекуваат обид за „елиминирање“ на бунтовниците од Исламска држава (ИСИС) и нивните складишта со оружје, како одговор на неодамнешниот напад во кој беа убиени двајца американски војници и еден преведувач.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американски функционер изјави дека синоќешниот напад бил „од големи размери“ и дека во него се погодени 70 цели во областите на централна Сирија за кои се верува дека имаат инфраструктура и оружје на ИСИС, додека друг функционер потврди дека Дамаск може да очекува повеќе напади.

„Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Соединетите Американски Држави, под водство на претседателот (Доналд) Трамп, никогаш нема да се двоумат и никогаш нема да се откажат од одбраната на нашиот народ“, напиша министерот за одбрана Пит Хегсет на социјалните мрежи.

Трамп вети „многу сериозна одмазда“ по пукањето во сириската пустина, за кое ја обвини ИСИС, и ја предупреди групата да не ги напаѓа американските трупи повторно.

„Сите терористи кои се доволно зли да ги нападнат Американците се предупредени – ќе бидете погодени посилно од кога било ако сега нападнете или ни се заканите на кој било начин“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп нагласи дека Сирија се бори заедно со американската војска и рече дека претседателот Ахмед ал-Шара е „крајно вознемирен од овој напад“ во време кога Вашингтон ја проширува соработката со сириската војска.

Министерството за надворешни работи на Сирија соопшти дека нападот од минатата недела врз американските војници „ја нагласува итната потреба од зајакнување на меѓународната соработка во борбата против тероризмот во сите негови форми“ и дека Сирија е посветена на „борбата против ИСИС и обезбедувањето дека нема сигурни засолништа на сириска територија и ќе продолжи да ги интензивира воените операции против него секаде каде што претставува закана“.

Сириската државна телевизија објави дека нападот бил насочен кон „складишта за оружје и места што ги користи ИСИС како лансирни точки за своите операции во регионот“ и дека во него се погодени руралните области во провинциите Деир ез-Зор, Рака и Џабал ал-Амур.

ИСИС ја презеде одговорноста за два претходни напади врз сириски војници. Во еден од нив се убиени четворица војници во провинцијата Идлиб.

Групата во своите изјави ги опиша владата и армијата под контрола на А-Шаара како „отпадници“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ