Амбасадата во соопштението наведе дека „спроведува мерка за останување во засолништа за сите вработени“, пренесува Ројтерс.
„Препорачуваме сите Американци да го сторат истото до понатамошно известување“, соопшти амбасадата, повикувајќи ги американските граѓани да „најдат безбедна локација во својот дом или друга безбедна зграда“.
Соопштението следеше по слична објава на американската амбасада во Катар.
„Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Катар спроведе наредба за засолниште за сите вработени и им советува на сите свои граѓани да го сторат истото откако Израел започна превентивен напад врз Иран утрово“, се вели во соопштението рано утрово.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја, по што се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп и потврди дека Соединетите Американски Држави раководеле со нападот.






