петок, 12 декември 2025

САД испраќаат уште војници во Европа. Русија: Тоа е деструктивно и ги зголемува тензиите

Објавено на

часот

Сподели

Пентагон објави дека 2.000 американски војници од Северна Каролина ќе бидат испратени во Полска и Германија, а дополнителни 1.000, кои веќе се во Германија, ќе одат во Романија. Русија на границата со Украина има околу 100.000 војници и негира дека планира инвазија на земјата, пренесе Би-би-си.

Тензиите меѓу Русија и Украина повторно се појавија осум години откако Русија го анектираше украинскиот јужен полуостров Крим и го поддржа крвавиот бунт во источниот регион Донбас. Москва ја обвинува украинската влада дека не го спроведува договорот од Минск, меѓународен договор за градење мир на истокот, каде бунтовниците поддржани од Русија контролираат делови од територијата. Најмалку 14.000 луѓе биле убиени во 2014 година.

Одговарајќи на одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да распореди дополнителни трупи во Европа оваа недела, рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко рече дека тоа е „деструктивен“ и „неоправдан“ потег.

Говорејќи во средата, Грушко додаде дека тоа ќе ги „воодушеви“ украинските власти, кои „неказнето“ ќе продолжат да го саботираат договорот од Минск. Пентагон претходно соопшти дека распоредените американски војници нема да се борат во Украина – туку ќе обезбедат одбрана на американските сојузници.

Најновото распоредување доаѓа откако Пентагон стави 8.500 војници во готовност минатиот месец за да бидат подготвени да заминат во Европа доколку е потребно.

„Важно е да испратиме силен сигнал до Путин и, искрено, до светот дека НАТО е важен за Соединетите Држави и нашите сојузници“, изјави за новинарите во средата портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Но, на прашањето за наводните планови на Путин за инвазија, тој рече: „Сè уште не веруваме дека донел одлука за понатамошна инвазија на Украина“.

Тој, исто така, рече дека предлогот на САД што „протече во европските медиуми“ е оригинален. Се чини, пишува Би-би-си, дека мисли на написот во шпанскиот весник Ел Паис за понудата на САД да преговараат со Русија за намалување на нуклеарното оружје и мерките за градење доверба во замена за намалување на тензиите околу Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ