САД вчера предупредија на „невообичаеното и загрижувачко трупање руска војска долж белоруската граница со Украина“.
Ситуацијата е непредвидлива и постои засилена тензија во регионот, се наведува во советите за патување во странство.
Вашингтон и претходно советуваше да не се патува во Белорусија и таа земја и понатаму е во највисока категорија на предупредување.
Пограничната ситуација со Украина сега е додадена како причина заедно со предупредувањата за коронавирусот и произволната примена на законите.
Кон средината на јануари американската влада го намали дипломатското присуство во Киев и побара од членови на дипломатските семејства да ја напуштат Украина.






