сабота, 14 март 2026

САД го откажаа самитот: „Нема да дозволиме Русија да глуми дипломатија“

Објавено на

часот

Сподели

САД ја откажаа средбата меѓу државниот секретар Антони Блинкен и неговиот руски колега Сергеј Лавров, планирана за в четврток во Женева, како причина наведувајќи ја руската „инвазија” на Украина преку признавањето независност на двата бунтовнички региони.

„Сега, кога гледаме дека инвазијата почнува и кога Русија јасно стави до знаење дека целосно ја отфрла дипломатијата, нема смисла во овој момент да продолжиме со тој состанок“, рече денеска Блинкен, на заедничката прес-конференција со својот украински колега Дмитриј Кулеба во Вашингтон.

„Синоќешниот Путинов говор беше вознемирувачки“, рече Блинкен. „Нема да дозволиме Русија да глуми дипломатија додека го забрзува својот марш по патот на конфликтот и војната“.

Русија минатата среда ја предложи средбата Лавров-Блинкен, а САД во петокот ја прифатија, и тогаш беа одредени времето и датумот. Сепак, Стејт департментот тогаш рече дека ќе прифати само во случај Москва да не ја „нападне“ Украина – што сега се случи, велат САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ