петок, 13 март 2026

САД ги ублажуваат санкциите кон Русија

Соединетите Американски Држави издадоа 30-дневна дозвола за купување руска нафта и нафтени деривати што моментално се чуваат на море, што според министерот за финансии Скот Бесент претставува чекор кон стабилизирање на глобалните енергетски пазари погодени од војната против Иран.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението издадено неколку часа откако референтните цени на нафтата се искачија над 100 долари за барел, на највисоко ниво за речиси четири години, Бесент рече дека овој потег нема да донесе значителни финансиски придобивки за руската влада.

Објавата доаѓа еден ден откако американското Министерство за енергетика соопшти дека САД ќе ослободат 172 милиони барели нафта од своите стратешки резерви на нафта во обид да ги ограничат вртоглаво растечките цени на нафтата поради војната во Иран. Тоа беше дел од пошироката обврска на Меѓународната агенција за енергија, која брои 32 земји, да ослободи 400 милиони барели нафта.

Дозволата од четврток, која овозможува испорака и продажба на руска сурова нафта и нафтени производи натоварени на бродови од 12 март, ќе остане важечка до полноќ по време во Вашингтон на 11 април, според текстот на дозволата објавен на веб-страницата на Министерството за финансии.

Министерството за финансии на САД претходно на 5 март издаде 30-дневно ослободување конкретно за Индија, дозволувајќи му на Њу Делхи да купува руска нафта што се чува на море.

Американските и израелските напади врз Иран и последователниот одговор на Техеран ги ескалираа регионалните тензии и го парализираа превозот низ Ормускиот теснец, нарушувајќи ги виталните текови на нафта и гас на Блискиот Исток и зголемувајќи ги цените на енергентите.

Иранската исламска револуционерна гарда најави блокада на испораките на нафта од Заливот додека не престанат американските и израелските напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ