„Веднаш напуштете го Иран“, се вели во безбедносното предупредување на амбасадата, во кое се повикуваат нејзините граѓани да планираат да го напуштат Иран без помош од американската влада.
„Ако не можете да заминете, пронајдете безбедно место во вашиот дом или во друга безбедна зграда“, се додава во него.
Во предупредувањето се советува американските граѓани во Иран да очекуваат понатамошни прекини на интернетот, да планираат алтернативни средства за комуникација и, „доколку е безбедно, да размислат за напуштање на Иран по копнен пат кон Ерменија или Турција“.
Двојните државјани на САД и Иран мора да го напуштат Иран со ирански пасоши, се вели во соопштението, додавајќи дека иранската влада не признава двојно државјанство и ќе ги третира државјаните со двојно државјанство исклучиво како ирански државјани. „Покажувањето американски пасош или демонстрирањето врски со Соединетите Американски Држави може да биде доволна причина иранските власти да приведат некого“, се вели во соопштението.
Иако Трамп постојано се закануваше дека ќе го нападне Иран доколку властите употребат смртоносна сила за да ги задушат протестите, тој исто така изрази подготвеност да ја истражи можноста за дипломатски разговори со Техеран.
Извештаите покажуваат дека Трамп бил информиран за неколку опции за дејствување против Иран, покрај конвенционалните воени воздушни напади.






