сабота, 31 јануари 2026

САД бараат седница на Советот за безбедност и апелираат Пекинг да влијае на Москва

Објавено на

часот

Сподели

„Повеќе од 100.000 руски војници се распоредени на украинската граница, а Русија применува други акти на дестабилизација кон Украина, што претставува јасна закана за меѓународниот мир и безбедност и Повелбата на ОН“, изјави американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд.

САД и нивните сојузници стравуваат дека Русија планира инвазија на Украина, што Русија го негира, наведувајќи дека нема воинствени намери. Русија, меѓутоа, бара безбедносни гаранции од САД и НАТО, како и Украина да не стане членка на Алијансата.

Кина, која јавно ја поддржа „разумната загриженост“ на Москва, треба да го искористи своето „влијание“ врз Русија за да ја одврати од напад на Украина, изјави денеска функционерката на Стејт департментот Викторија Нуланд.

„Го повикуваме Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва за да ја принуди на дипломатија, бидејќи ако дојде до конфликт во Украина, тоа не е добро ниту за Кина“, изјави за новинарите заменик-државната секретарка на САД Нуланд. Таа додаде дека такво нешто ќе има големо влијание врз светската економија и енергетскиот сектор.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен неколку часа претходно телефонски разговараше со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

САД се убедени и дека спорниот гасовод Северен тек што ги поврзува Русија и Германија нема да биде пуштен во употреба доколку Москва ја нападне Украина.

„Продолжуваме со многу силни и јасни разговори со нашите германски сојузници и сакам да бидам јасна со вас денес, ако Русија ја заземе Украина, на овој или оној начин, Северен тек 2 нема да оди понатаму“, им рече Нуланд на новинарите.

Врз основа на компромисот постигнат минатото лето со Вашингтон за гасоводот, кој Американците не го сакаа, но е завршен, Берлин изјави дека иднината на тој гасовод ќе биде на маса во случај на руски напад врз Украина. Но германската влада не отиде толку далеку јасно да потврди дека гасоводот нема да биде пуштен во употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ