четврток, 19 февруари 2026

САД бараат од НАТО да намали дел од меѓународните мисии, вклучително во Ирак и Косово

Соединетите Американски Држави, предводени од Доналд Трамп, бараат од НАТО да ги намали некои од своите странски мисии, вклучително и оние во Ирак и Косово, објави порталот Политико, повикувајќи се на четири дипломати од НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бриселскиот портал објави дека САД во последните месеци лобирале за намалување на мировните мисии на Косово и дека работат на спречување на Украина и индо-пацифичките сојузници формално да учествуваат на годишниот самит на Алијансата во Анкара во јули.

Напорите ја одразуваат намерата на Белата куќа да го врати НАТО во строго евроатлантска одбранбена алијанса, воедно ограничувајќи ги активностите надвор од таа област, што одат подалеку од основните мисии за одбрана и одвраќање, пишува Политико.

Овој потег интерно се нарекува „враќање на фабрички поставки“, според четворицата дипломати на Алијансата кои разговараа со Политико.

Белата куќа одби да одговори на барањето од бриселскиот портал за програмите и глобалните операции на НАТО.

Од друга страна, САД планираат да повлечат околу 2.500 војници од Ирак, според договорот со ирачките власти од 2024 година, што, според претставници на американската администрација, е дел од посветеноста на Трамп да „ги прекине бескрајните војни“, а сè во тесна координација со Багдад.

Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека сакаат и да ги намалат војниците на КФОР, како дел од мисијата во Косово, изјавија четворицата дипломати, што е поголем проблем за европските сојузници, иако разговорите сè уште се во почетна фаза.

Мисијата, под покровителство на Обединетите нации, е присутна во Косово од 1999 година и моментално има 4.500 војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ