понеделник, 8 декември 2025

САД бараат истрага за парадата во Бања Лука: „Нè загрижува величењето на воените злосторства“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Ги повикуваме надлежните власти веднаш да ги истражат тие инциденти и да се утврдат одговорните“, порача Стејт департментот во изјава.

„Соединетите Држави се длабоко загрижени од извештаите за говор на омраза, величење на воените злосторства и провокативните инциденти насочени против повратниците во ентитетот Република Српска за време на викендот“, се наведува.

Властите на РС во неделата во Бања Лука со воена парада го одбележаа 9 јануари, а српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик во таа пригода порача дека Република Српска е држава.

[video:https://youtu.be/yYfdAwoVMEg autoplay:0]

Во парадата учествуваа и припадници на обичната и специјалната полиција, а на посебно место беа осудени воени злосторници како Винко Надуревиќ, кого Меѓународниот суд за поранешна Југославија во САД го осуди на 13 години затвор поради злосторства против човештвото.

На свеченоста присуствуваа кинески и руски дипломати како и државници од Србија.

Во понеделникот ЕУ силно ја осуди негативната и запалива реторика која наводно ја користеле лидерите на Република Српска, јасно давајќи до знаење дека е спремна да воведе санкции.

Минатиот месец Вашингтон воведе санкции против лидерот на босанските Срби Милорад Додик.

БиХ минува низ најтешката криза од војната во 1990-тите, откако претходниот висок претставник на меѓународната заедница Валентин Инцко наметна закон со кој се забранува негирање на геноцидот, по што Република Српска реши да се повлече од заедничките институции.

[video:https://youtu.be/Wimaqfpn170 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ