среда, 11 февруари 2026

Руте: Сè уште чекаме одговорност за инцидентите во Косово во 2023 година

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави денес во Брисел дека сè уште се чека да се утврди одговорноста за инцидентите на Косово во 2023 година.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

НАТО повеќепати бара од Белград да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за нападите врз членовите на мисијата КФОР во Звечан и врз косовските полицајци во Бањска пред повеќе од две години.

„Сè уште чекаме одговорност за она што се случи во 2023 година“, изјави Руте на конференција во седиштето на НАТО во Брисел, пред утрешниот состанок на министрите за одбрана на членките на Алијансата.

Руте додаде дека тој лично, како и НАТО, е во близок контакт со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Руте рече дека нема многу нови случувања во регионот на Западен Балкан, но дека НАТО е вклучен во Косово и Босна и Херцеговина и внимателно го следи она што се случува низ целиот регион.

Руте повтори дека алијансата ја следи ситуацијата во Босна и Херцеговина и дека „никогаш нема да прифати безбедносен вакуум“ во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ