Како што истакна Зас, ОДКБ располага со голем број трупи, кои се спремни на реакција ако се договорат сојузниците.
„Ако треба 3.000, ќе испратиме толку, ако треба 17.000, ќе испратиме толку. Ако треба повеќе, ќе ги има повеќе. Колку и да се потребни“, објасни тој додавајќи дека сепак за таква интервенција би требала дозвола од повеќе страни, вклучувајќи го Киев, кој не е дел од блокот.
И покрај противењето на многумина, Зас тврди дека таквата мисија е можна, доколку Украина покаже добра волја.
„Хипотетички гледано, можно е да се замисли таква мисија ако Украина покаже добра волја. Сепак станува збор за нејзина територија… Мисијата е можна и во случај да ја одобри Советот за безбедност на ОН“, кажа Зас кој за агенцијата Ројтерс даде интервју пред прогласувањето општа мобилизација и евакуација на цивилите од Донбас.
ОДКБ неодамна интервенираше во Казахстан, на барање на тамошните власти, разнишани по избивањето на уличните демонстрации поради цените на горивата.






