Во руските училишта се одржа серуска отворена лекција „Бранителите на мирот“, со која на учениците „им се објасни зошто ослободителната мисија во Украина е неопходност“.
Лекцијата се одржа утрово.
Учениците слушаа „за опасноста што НАТО ја претставува за нашата земја“ и „зошто Русија застана во одбрана на цивилите на народните републики Доњецк и Луганск“.
Во соопштението на фејсбук-страницата на Министерството се вели дека децата исто така ќе научат „како да ја разликуваат вистината од лагата во огромниот тек на информации, фотографии и видеа што го преплавуваат интернетот денес“.
„На гледачите ќе им се каже заднината на денешните настани: за опасноста што НАТО ја претставува за нашата земја, зошто Русија застана во одбрана на цивилното население на народните републики Доњецк и Луганск, а тоа ќе ви помогне и да сфатите како да ја разликувате вистината од лагата во огромниот протек на информации, фотографии и видеа, со кои денес е полн интернетот“, соопшти руското Министерство за образование.






