понеделник, 30 март 2026

Руските напади се движат кон запад, на нова територија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тие, исто така, го бомбардираа централно-западното упориште Днепар за прв пат од почетокот на инвазијата, која почна пред нешто повеќе од две недели.

Бегалците од бомбардираните градови досега бегаа кон западот на Украина, верувајќи дека е побезбедно. Десетици илјади поминаа низ Лвов – голем цивилен центар. Нападите во петокот се на градовите од двете страни на Лвов.

Русија ги потврди нападите врз Луцк и Ивано-Франковск

Руското Министерство за одбрана ги потврди нападите врз Луцк и Ивано-Франковск, јавуваат локалните медиуми.

Московските одбранбени претставници изјавија дека нивните „напади со голема прецизност и долг дострел“ погодиле два воени аеродроми во градовите на западот на Украина.

Ова означува нова територија за рускиот напад, кој претходно беше фокусиран на главниот град Киев и градовите на истокот и југот на Украина.

Локалните медиуми јавуваат за експлозии во градот Ивано-Франковск и Луцк.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ