сабота, 28 март 2026

Рускиот Совет за безбедност препорача да се признаат сепаратистичките републики

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин во моментов одржува состанок на рускиот Совет за безбедност. Се зборува за историјата на конфликтот во Украина од перспектива на Москва. Сите учесници на состанокот, сите до еден високи руски функционери, седат на околу 20 метри од Путин.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=qm5qdsZuwjc autoplay:0]

„На сите им е јасно дека (Украина) нема да направи ништо за спроведување на пакетот мерки од Договорот од Минск… Русија направи и сè уште прави напори за мирно да ги реши сите тешки и трагични елементи во развојот на настаните, но денес сме таму каде што сме“, рече Путин на состанокот на Советот за безбедност, со кој претседава, пренесува Ројтерс.

Рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев на состанокот зборуваше за руските граѓани од двете сепаратистички републики во источна Украина: „Тоа не се само луѓе што зборуваат руски, тоа се руски граѓани. Тоа е наш народ. Кога се американски граѓани во опасност, Американците покренуваат специјални операции“.

Дописникот на Гардијан на Твитер искоментира дека станува збор за руски државјани бидејќи Русија во последните неколку години им дели руски пасоши.

„Нашата цел, целта на денешниот состанок, е да ги сослушаме нашите колеги и да одлучиме за нашите следни чекори по тоа прашање“, рече Путин.

Николај Петрушев, шефот на рускиот совет за безбедност, на состанокот рече: „Треба да преговараме, но само со Америка. Сите други ќе го прават она што ќе им го кажат САД. Тие ја кријат својата вистинска цел – уништување на Руската Федерација.“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „нема изгледи“ дека некој мировен план ќе му стави крај на конфликтот во Украина.

Ако Путин одлучи да ги признае сепаратистичките републики, тоа може да доведе до испраќање руски војници во двата региони, користејќи ја тезата за независни републики како изговор да интервенира во корист на сојузниците што треба да бидат заштитени од Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ