понеделник, 30 март 2026

Рускиот енергетски гигант Лукоил повика на итен прекин на војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот нафтен гигант Лукоил денеска повика на итен прекин на борбите во Украина, како една од првите големи домашни фирми што се изјасни против инвазијата на Москва врз нејзиниот прозападен сосед.

Во соопштение објавено на вебсајтот на компанијата, Одборот „ја изразува својата загриженост за тековните трагични настани во Украина и своето најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа трагедија“.

„Ние се залагаме за итен прекин на оружениот конфликт и целосно го поддржуваме неговото решавање преку преговарачкиот процес и преку дипломатски средства“, се додава.

Казните што Западот ги воведе откако рускиот претседател Владимир Путин ја почна инвазијата во Украина доведоа до пад на рубљата и неколкудневно затворање на московската берза, при што земјата е на работ на најголемата економска криза последниве децении.

Истакнати руски бизнисмени надвор од земјата изразуваат загриженост за економското влијание на инвазијата, но соопштението на Лукоил е меѓу првите такви изјави од голема компанија дома.

„Лукоил“ соопшти дека ќе продолжи со своите напори да „обезбеди доверливо снабдување со енергија на потрошувачите низ целиот свет“ и дека е „посветен на зајакнување на мирот, меѓународните односи и хуманитарните врски“.

Лукоил е во мнозинска сопственост на Вагит Алекперов и неговиот заменик Леонид Федун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ