„Соединетите Американски Држави прогласија 12 вработени во Постојаната мисија на Руската Федерација во ОН за персона нон грата, тие мора да ја напуштат земјата до 7 март“, кажа Небензја.
Москва не планира да ја окупира Украина, а руските сили не претставуваат никаква закана ни за украинските цивили ни за цивилната инфраструктура, кажа тој.
Небензја се обрати на Генералното собрание на ОН наведувајќи дека руската војска и силите на Доњецк и Луганск во четвртокот почнаа воена операција во Украина по повеќемесечната ескалација и повеќенеделните артилериски, минофрлачки и снајперски напади на украинските сили во конфликтната зона во Донбас.
„САД и нивните сојузници одговорија со тоа што на Русија ѝ воведоа нови санкции и ветија дека на Киев ќе му пратат вооружување во вредност од над милијарда долари“, истакна Небензја.
Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН кажа дека целта на оваа операција е заштита на луѓето кои осум години беа изложени на злоставување и геноцид од страна на украинскиот режим и укажа дека поради тоа е неопходна „демилитаризација и денацификација на Украина“.
„Ќе се трудиме да ги изнесеме пред правдата оние кои извршиле бројни крвави злосторства над цивилите меѓу кои имаше и граѓани на Руската Федерација“, кажа рускиот претставник и повтори дека руската воена операција е користење на правото на Москва на самоодбрана „од режимот кој се трудеше да го врати пристапот до нуклеарното оружје“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Безбедносната конференција во Минхен на 19 февруари кажа дека ќе го ревидира ненуклеарниот статус на Украина.






