недела, 1 февруари 2026

Рускиот амбасадор во ЕУ: Војните во Европа ретко почнуваат во среда

Објавено на

часот

Сподели

„Војните во Европа ретко почнуваат во среда“, додаде тој.

Владата на САД соопшти дека смета дека е можен руски упад во Украина пред крајот на Зимските олимписки игри во Кина в недела. САД и сојузниците во НАТО ја обвинуваат Русија дека подготвува нов напад врз Украина, по анексијата на Крим во 2014 година, а Русија ги негира тие обвинувања.

Чижов ги осуди американските тврдења за можен напад врз Украина. „Кога обвинувате – особено кога праќате многу сериозни обвинувања против Русија – вие сте одговорни и да дадете докази. Во спротивно тоа е клевета.“ И праша: „Па каде се доказите?“

Амбасадорот го повтори својот повик до Западот сериозно да ги разгледа безбедносните грижи на Русија.

„Кога нашите партнери конечно ќе ги слушнат нашите легитимни грижи, процесот на помирување нема да потрае долго. Тоа ќе биде во интерес на сите Европејци од Лисабон до Владивосток, но и на другите земји во светот“, рече тој.

Кремљ бара НАТО да ги ограничи сите активности во Источна Европа и да вети дека нема да ги прима поранешните советски републики – како Украина – како нови членки. Москва, исто така, бара забрана за распоредување оружени системи, вклучувајќи го и американскиот противракетен систем, во близина на границите на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ