четврток, 25 декември 2025

Рускиот амбасадор во Белград: Западот брутално ја притиска Србија, не го менуваме ставот за Косово

Објавено на

часот

Сподели

„Ние одлично го разбираме тој неверојатен притисок на Западот на Белград и тешката позиција во која се наоѓа Србија. И, нормално, високо ја цениме принципиелната линија која ја чува за непризнавање и неприфаќање на антируските санкции“, кажа денес Харченко.

Тој наведе и дека „нема и не може да има никаква промена на позицијата на Руската Федерација кон косовското прашање“.

„Ние Косово не го признаваме и најактивно го поддржуваме Белград на меѓународните форуми, пред сè во Советот за безбедност на ОН. Сè што се однесува на наводна промена на рускиот став е измислено со цел да се расипат односите на Москва и Белград и Србија да се потчини на антируските мерки“, кажа Харченко на прашањето за изјавата на рускиот претседател Владимир Путин во која ја цитираше пресудата на Меѓународниот суд на правдата за Косово.

Зборувајќи за енергетиката, амбасадорот на Русија кажа дека Москва очекува почеток на преговорите за гасот со Србија и „затоа не можеме да зборуваме пред рака, но уверен сум дека тие ќе се водат на најприфатлив начин, имајќи ја предвид реалната ситуација на пазарот и тоа дека Србија ни е пријателска земја“.

„Кога ќе ги собереме овие два аспекти, мислам дека ќе биде најдена златната средина која ќе им одговара на интересите на Русија и Србија“, кажа тој.

На прашањето дали ќе може гасот да се плаќа во динари, Харченко одговори: „Ќе видиме како ќе биде понатаму“.

„Тоа ќе биде резултат на преговорите и договорите на двете влади, и Газпром и Србијагас. Јас ова би го поставил уште пошироко и би кажал дека во целина, а не само во одделни сектори, гледаме перспектива на преминувањето на поактивно плаќање во националните валути“, кажа рускиот амбасадор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ