понеделник, 30 март 2026

Руски танкер за нафта влезе во зоната на Куба

Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ со 650.000 барели нафта „Урал“ влезе во ексклузивната економска зона на Куба, што би можело да биде првиот увоз на руска нафта во земјата во последните два месеци.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Руски танкер што превезува сурова нафта влезе во ексклузивната економска зона на Куба, според податоците за следење на бродовите, што би можело да биде првиот увоз на нафта на карипската земја во последните два месеци.

Танкерот „Анатолиј Колодкин“, кој исплови од Приморск натоварен со околу 650.000 барели сурова нафта од типот „Урал“, наскоро би можел да биде истоварен во кубанското пристаниште Матанзас доколку не го промени својот сегашен курс, според податоците од службите за следење на бродови, пренесува Ројтерс.

Соединетите Американски Држави дозволија руски танкер со нафта да се приближи до Куба, а американската крајбрежна стража не добила налог да го пресретне бродот, иако во регионот располага со бродови способни за таква операција. На тој начин беше избегната можна директна конфронтација со Русија во близина на американскиот брег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ