Тој порача дека секој странец би требало „да размисли седум пати“ пред да пристапи во украинската војска бидејќи Русија ќе ги смета за „кривично одговорни ако ги фати“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски процени дека планираната единица составена од странски доброволци ќе има околу 16 илјади борци. Тој истакна дека првите странски доброволци веќе пристигнале.
Над 1.000 странци досега им се придружиле на украинските сили против Русија, според податоците на Киев.
„Доброволци од 16 земји во светот дојдоа во Украина спремни да се борат рамо до рамо со украинскиот народ против агресорот. Нивниот број надмина 1.000“, кажа украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.






