недела, 21 декември 2025

Руски брод влезе во сириското пристаниште Латакија, се верува дека превезувал житарки од Украина (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Карактеристиките на снимениот брод се поклопуваат со димензиите и карактеристиките на рускиот товарен брод.

Бродот пред речиси една недела ги исклучил приемниците кај Кипар во Средоземното Море.

Украина тврди дека на бродот имало 27.000 тони житарки кои ги „украле руските сили“.

Киев тврди дека Русија првично се обидела да ги испрати житарките во Египет, кој одбил да ја прими робата. Украинската дипломатија бара од другите влади да не ги прифаќаат житарките.

Русија, главниот сојузник на сирискиот претседател Башар Ал Асад, има поморска и воздухопловна база во Сирија, иако префрли дел од силите од таа земја за инвазијата во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ