вторник, 31 март 2026

Руската војска: Еве зошто го гаѓавме трговскиот центар во Киев (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„На 21 март, во текот на ноќта, високопрецизно оружје со долг дострел уништи батерија на украински ракетни лансери и базата која ја користеа за чување муниција – напуштениот трговски центар“, изјави портпаролот на руското министерство генерал мајорот Игор Конашенков.

Портпаролот на руската војска додаде дека украинските трупи ја користат населбата Виноградар како база за нивните операции, за што исто така покажа снимка.

Трговскиот центар Ретровил, сместен меѓу населбите Виноградар и Подолск на северозападната страна на Киев, беше уништен во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот. Украинските итни служби соопштија вчера дека спасувачите извлекле осум тела од уништениот објект.

Канцеларијата на јавниот обвините на Украина соопшти дека рускиот напад бил чисто кршење на правилата на војна и дека ќе биде истражено како масовно убиство со предумисла.

Пред руското министерство да ја објави снимката од дрон, имаше шпекулации на интернет зошто Русите го уништија трговскиот центар, по што беа објавени непотврдени фотографии од скриени ракетни лансери на украинската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ