понеделник, 30 март 2026

Руската делегација стигна во Белорусија, украинската е на пат

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува да пристигнат утре рано наутро.

„Белоруските специјални служби целосно ја обезбедуваат безбедноста во Белорусија, а нашата (руската) војска обезбеди безбеден премин за движењето на украинската делегација низ Украина“, рече Медински и ѝ се заблагодари на Белорусија за примањето на двете делегации, пренесе СИ-ен-ен.

Делегациите на Украина и Русија на преговорите за ситуацијата во Украина ќе бидат претставувани од истите членови како и во првиот круг, јави руската државна новинска агенција РИА. Вторите преговори ќе се одржат некаде на белоруско-полската граница.

АФП ја пренесува изјавата на еден од руските преговарачи што наводно рекол дека на овие преговори ќе се разговара за прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ