недела, 7 декември 2025

Русите со часови го гаѓаа Киев со хиперсонични ракети и дронови (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина, 15 се повредени, вклучувајќи и едно дете, во масовен руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта во петокот. Цел на нападот беа станбени згради низ градот, предизвикувајќи голема штета и пожари, пренесува Киев индепендент.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Првите експлозии и дронови беа забележани кратко по 1 часот наутро, нападите продолжија во бранови со часови. Нов, уште помоќен напад следел околу 7 часот наутро, кога руските сили лансирале десетици ракети, вклучувајќи хиперсонични ракети „кинжал“, кон главниот град.

Локалните власти пријавија штета на најмалку шест локации во градските области Свјатошински, Дњипровски, Дарницки, Шевченковски и Соломјански.

Во неколку повеќекатници се уништени становите на горните катови, додека кај други се забележани штети на пониските катови. Пожари избувнале во најмалку шест станбени згради.

Спасувачите ги пребаруваа урнатините цела ноќ. Тело на загинат маж е извлечено од под урнатините во областа Свјатошински, потврди началникот на регионалната воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека најмалку осум повредени лица се хоспитализирани. Меѓу повредените има и дете од областа Шевченко.

По утринскиот бран напади, жителите во неколку делови од градот останаа без електрична енергија. Градоначалникот Кличко потврди дека западниот дел од Киев е без електрична енергија и дека службите за итни случаи работат на отстранување на дефектите. Тој, исто така, предупреди на намален притисок на водата во зградите на десниот брег на Дњепар.

Руските напади не ја поштедија ниту околината на главниот град. Најмалку две лица се повредени во регионот на Киев. Во градот Бровари е оштетена зграда од девет ката, а регионалниот гувернер Микола Калишник пријави штета на неколку семејни куќи и околу дваесет гаражи.

Русија редовно извршува напади врз украинските градови, честопати насочени кон цивилната инфраструктура, што резултира со цивилни жртви. Само пред неколку дена, седум лица загинаа, а беа 20 повредени во сличен напад врз Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ