вторник, 31 март 2026

Русите синоќа гранатираа трговски центар во Киев, шест мртви, велат украинските власти (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Веста дека е ракетиран Киев ја објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм. Надзорните камери снимија неколку напади во градот.

„Спасувачите гаснат голем пожар во еден од трговските центри во главниот град, Подолск. Во моментов има една жртва. На лице место работат сите служби, спасувачки, медицински, полициски“, најави Кличко.

Властите соопштија дека најмалку шест лица загинале кога биле погодени трговски центар и голем број куќи во областа Подолск во Киев.

Тоа е комерцијален дел од градот, опкружен со станбени области. Независно од тоа дали тоа било планираната цел, загриженоста е дека, со оглед на тоа што Русија ја нема воздушната супериорност што би ја посакувала, ова ќе биде подолгорочна тактика: руските сили ќе се постават на позиции да почнат потешки артилериски напади и ефективно да се обидат да го бомбардираат градот додека да се покори, вели Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ